Чекор 1 (10 мин): Објаснете го енергизаторот! Учесниците ќе го направат „Count up numbers“ енергизаторот. Учесниците можат да станат или да седнат, тие треба да избројат до 20 со извикување броеви, но на начин на кој броевите се извикуваат еден по еден. Доколку се случи двајца учесници да го извикатт бројот истовремено, играта ќе започне од почеток додека не избројат до 20 еден по еден.
Чекор 2 (10 мин): Направете вовед во темата за да не се премине границата помеѓу говорот на омраза и слободата на говорот. Накратко објаснете што е слобода на говор, а што говор на омраза. Обидете се да сфатите како да не ја преминете границата помеѓу говорот на омраза и слободата на говорот.
Чекор 3 (10 мин): Прикажете примери на објави на социјалните мрежи од познати или непознати луѓе каде што е тешко да се каже дали се работи за слобода на говор или говор на омраза. Пробајте да ги анализирате тие постови и видете каде е тенката линија на вкрстување на овие две теми.
Чекор 4 (20 мин): Започнете дискусија за примерите, дискутирајте како да ги промените тие објави или редефинирајте ги зборовите за да бидете сигурни дека линијата не е пречекорена. Додека зборувате за примери, обидете се да ја доведете дискусијата во едно од личните искуства во темата.
Чекор 5 (20 мин): Анализирајте ги личните искуства на учесниците, видете како засегнатите учесници се чувствувале во врска со ситуацијата, дали нашле некаква помош или дали ситуацијата им предизвикала сериозна повреда на нивните животи. Објаснете ја важноста да се има поддршка во ваква ситуација.
Чекор 6 (10 мин): Обезбедете кратка Powerpoint презентација со правни информации и помош за дигиталните права, земајќи ја предвид темата на сесијата. Вклучете неколку веб-врски на кои луѓето можат да најдат помош во ситуации на соочување со онлајн говор на омраза во презентацијата
Чекор 7 (20 мин): Побарајте од учесниците да ги користат примерите и да ја трансформираат нивната содржина на начин со кој ќе се спротивстават на содржината со омраза.Побарајте од нив да бидат креативни: тие можат да ги променат зборовите, да додаваат реченици, да создаваат одговори, да користат хумор и вредности за човекови права за да развијат алтернативни наративи. Претставете ги во групата.