Проектот “THINK! Don’t Hate” е имплементиран од Kosova Young Lawyers – KYL во координација со нивните пет партнери: Syllogos Apofiton Ekpedeftirion Mandoulidi (Greece), Prima (Montenegro), CONNECT International (Belgium), Libero (Serbia) и Здружение за културна соработка Интеркултура (MK). Идејата зад проектот беше креирана со набљудување на моменталната состојба на социјалните медиуми во Западниот Балкан кои се исполнети со злонамерни, дискриминирачки и екстремистички содржини и наративи. Бидејќи постоечките полиси и образовни стратегии во регионот се главно фокусирани на справување со последиците на екстремното однесување онлајн, а не на спречување или спротиставување, ние решивме да направиме водичи кои ќе им помогнат на НФЕ практичарите, наставниците и едукаторите на врсници во борбата против говорот на омраза онлајн.
Ние ја започнавме работата на овој проект со анализа на изворите, целите и клучните точки на лажните вести и говорот на омраза. Врз основа на пронајдоците од анализата, ние развивме формални и неформални образовни пристапи кои промовираат критично размислување и учество во креирање на контра-наративи. Сега овие образовни пристапи се објавени онлајн во интерактивна форма и се достапни за сите луѓе кои се подготвени да се приклучат на борбата против онлајн омраза, лажни вести и дезинформации.
Главната цел на проектот “THINK! Don’t Hate” е борбата против говорот на омраза во онлајн светот преку деконструкција и дискредитација на наративите врз кои е основан, како и да се поттикнат младите луѓе да станат лидери во борбата против лажни вести, предрасуда и омраза на Интернет.