Поглавје 5

Не-формално vs формално образование & Школата за критичко размислување

Како што беше анализирано претходно, процесот на критичко размислување не е лесна задача. Тоа е предизвик, сложено и бара не само вештини, туку и знаење. Значи, ако одлучиме одреден тип на практики за да ги научиме младите како да го применуваат, што би било тоа? Дали тоа би било преку формални образовни практики што ги изведуваат наставници и образовни советници? Дали тоа би се одржало во училиштата и образовните институции? Или тоа би било преку методи на неформално образование кои се изведуваат од младински работници и се одвиваат надвор од традиционалната образовна средина?

Дилемата е подлабока отколку што изгледа и можните одговори на овие прашања може да варираат. Ајде да ги погледнеме основните карактеристики на неформалното образование и формалните образовни практики во борбата против говорот на омраза преку Школата за критичко размислување (SCT):

Неформално образование (NFE)

Формално образование (FE)

АНАЛИЗА

волонтерско

задолжително

Иако доброволното учество создава позитивно чувство кај учесниците, задолжителниот елемент гарантира дека сите ученици барем ќе ги добијат основните информации за темата

лоша организациска рамка

добро организирано

Формалното образование изгледа како да е подобро, бидејќи солидна структура е од витално значење за да се обезбеди квалитет во SCT

фокусирано на учесниците

фокусирано на наставниците

Неформалното образование веројатно е победник, имајќи предвид дека процесот на учење се фокусира на учесниците и осигурува дека нивните потреби се соодветно одговорени, нудејќи голема флексибилност во соодветно прилагодување на процесот

се одвива секаде

Се одвива во поставено опкружување (училишта, институции за обука, колеџи, универзитети)

Неформалното образование го има водството: способноста да се учи во различни средини, избегнувањето на сувиот контекст на училиштето, го прави процесот попривлечен за учесниците, кои се чини дека повеќе се ангажираат во процесот

не е службено сертифицирано

правила на сертифиакција

Неформалното образование малку заостанува, бидејќи степенот/сертификацијата на формалното образование е посилна во однос на социјално-финансиската положба и професионализација

Искуствено учење

Теоретски пристап

Неформалното образование им овозможува на учесниците да го искусат процесот на критичко размислување во пракса и се способни да ги сварат информациите преку интерактивни активности – секако слаба точка на формалното образование.

самоевалуација на резултатот

процеси на тестирање за резултатот

Формалното образование е чекор напред – процесите на тестирање вклучуваат сертифицирани и објективни критериуми кои можат да го оценат напредокот/нивото на разбирање на учесниците, додека самоевалуацијата е прилично субјективна и може да доведе до заблуда

Разновидност на принципи на учење, методологии и пристапи за учење

Определен курикулум

Неформалното образование победува овде, бидејќи менувањето на пристапите за учење според потребите на учесниците гарантира дека пораката успешно ќе стигне до целта

демократски

хиерархиски

Неформалното образование е решението, бидејќи создава чувство на припадност, вклученост и отвореност

интеркативно

помалку интерактивно

Иако интеракцијата и активното учество се витални елементи на процесот на учење, во чувствителните теми како што се оние што се обработуваат во Школата за критичко размислување (стереотипи, предрасуди, дискриминација, говор на омраза) може да доведе до тоа ситуацијата да излезе од контрола

При анализирзњето на оваа табела е сосема очигледно дека и неформалното образование и формалните образовни практики во контекст на Школата за критичко размислување споделуваат предности и недостатоци, додека подеднакво ја одржуваат нивната важност и ефективност. Со други зборови, и двете форми се комплементарни една со друга и меѓусебно ги зајакнуваат елементите на процесот на доживотно учење. Поради оваа причина, би било идеално да може да се вградат методи на неформално образование во формалните образовни програми и обратно, со цел да се постигне најголема ефикасност на Школата за критичко размислување.

73%