C. Човековите права во борбата против наративите со омраза
Говорот на омраза е директно поврзан со човековите права, бидејќи е еден вид на повреда, непочитување и кршење на нечии слободи.Вистината е дека вредностите, принципите и карактеристиките на човековите права не само што се повредени од страна на било каков инцидент на онлајн говор на омраза, туку и пасивна реакција на овие инциденти може да резултира со натамошно кршење на човековите права, предизвикувајќи значителна штета за жртвите и за демократијата. Со други зборови, унапредувањето на човековите права е најефективниот инструмент во борбата против негативните наративи што доведуваат до опсежен говор на омраза и онлајн и офлајн, бидејќи тие се поврзани во повеќе нивоа: кршењето на човековите права постепено води до говор на омраза, додека говорот на омраза предизвикува директно кршење на човековите права! Оваа поврзаност на повеќе нивоа меѓу човековите права и говорот на омраза може шематски да се прикаже на следниот начин:
ГОВОР НА ОМРАЗА наспроти ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Дискриминацијата како основа
Дискриминацијата како негативен основен принцип
Целната група се смета за помалку вредна за почит
Целната група се смета за подеднакво вредна за почит
ВЛИЈАНИЕ НА ПОВЕЌЕ НИВОА
Стереотипи, предрасуди и дискриминација
Маргинализирање на одредени групи или поединци
Нарушување на достоинството
Нарушување на самодовербата и самопочитта
Деградирање на ранливите групи или поединци
Нарушување на приватноста
Заканување за безбедноста
Загрозување на личната безбедност
СКАЛА НА ПОСЛЕДИЦИ
ФАЗА 1
маргинализација
ФАЗА 2
изолација
ФАЗА 3
конфликт
ФАЗА 4
поделба
ФАЗА 5
Физичка злоупотреба
ФАЗА 6
криминал
Сериозноста и опасноста од инцидентите со говор на омраза може да се сумираат во една единствена реченица што секогаш треба да ја имаме на ум:
„Не секој говор на омраза резултира со злосторства од омраза, но злосторствата од омраза секогаш вклучуваат говор на омраза.”
Така, по мапирањето на најважните аспекти на битката меѓу човековите права и говорот на омраза, да погледнеме подетално како и до кој степен се засегнати некои основни човекови права.
★ Наративи на омраза и слобода на изразување
Постоеја многу работи околу тоа дали слободата на изразување треба да биде отворена и неограничена, или пак треба да се постават одредени граници, со цел да се избегнат инциденти на негативни наративи и евентуално екстремни форми на говор на омраза. Вистината е дека правото на слобода на изразување, правото да го изразиме нашето гледиште, нашето мислење, нашите идеи, е едно од најосновните човекови права – и тоа ни треба! Тоа право носи напредок во општеството, не зближува, обезбедува различност, разновидност и повеќекратни „бои“ во нашите личности, создавајќи шарено – општество како виножито – каде секој има свој простор и се чувствува безбедно и удобно да зборува. Сепак, човештвото отсекогаш се бореше да најде рамнотежа помеѓу слободата на говорот и почитувањето кон другите. Во обид да се доближи до фината рамнотежа, законот усвои основна линија на реакција на различните форми на изразување со оценка на нивното влијание врз сите вклучени поединци. Со други зборови, вака се решава ова прашање:
"mild" hateful expression
it cannot be restricted
expression that undermines safety, health, morals etc.
it can be restricted
expression that undermines safety, health, morals etc.
it can be restricted
★ Расизам и дискриминација
За жал концептите на расизмот и дискриминацијата се оние кои ја поставија основата и ги создадоа темелите на говорот на омраза во поголемиот дел од случаите во модерното доба. Сепак, ова не е само една титула – истото одразува круг на ставови и однесувања кои почнуваат од, наводно, безопасна точка, иако тоа може да ескалира и да биде катастрофално. Погледни:
Значи, како можеме да ги искористиме човековите права во битката против говорот на омраза? Вистината е дека постоеја бројни иницијативи во оваа насока, а некои од нив прикажаа забележителни резултати, особено кај младите. Извонреден пример е „Движењето без говор на омраза“ кое беше лансирано како младинска кампања во 2013 година и има за цел да се бори против говорот на омраза преку мобилизирање на младите луѓе да зборуваат за човековите права и демократијата онлајн. Движењето беше координирано на европско ниво од страна на Одделот за млади на Советот на Европа до 2017 година и сега продолжува низ Европа и пошироко преку работата на национални кампањи и активисти на кампањите, како и бројни публикации, алатки и медиумски канали за поддршка и олеснување на неговата мисија. Ако сте заинтересирани да дознаете повеќе за тоа, посетете го следниот линк https://www.coe.int/en/web/no-hate-campaign/no-hate-speech-movement Сепак, чекорите кон борбата против говорот на омраза преку човековите права се доста јасни и очигледни, и бараат активно учество и вклученост на сите нас! Еве неколку примери:
Промовирање на образованието за човекови права: ништо не може да се направи ако има празнина од знаење за тоа што се човековите права, која е нивната важност во демократските општества и кои се нивните граници.
Да се биде информиран: запознавање не само со сопствените права, туку и со постоечките механизми за поддршка, соодветните власти или дури и начините да се реагира и да се одбрани себеси (или другите) при појава на инциденти со омраза.
Подигнување на свеста: ширење вести за постоечките иницијативи и движења против онлајн говорот на омраза, ширење на најдобри практики и добри примери.
Зајакнување на толеранцијата и емпатијата: грижата еден за друг, прифаќањето и ценењето на различноста, учењето како да се ставиме во кожата на другите, е клучот за борба против дискриминаторските и однесувањата со омраза
Негување на еднаквост и почит: неопходно е да се разбере основната суштина на демократијата и човековите права и да се бориме за свет каде што сите се подеднакво почитувани.
Активно учество: да се прави нешто! Учењето како да реагираме, да ги браниме ранливите, да се спротивставиме на непочитување или штетно однесување – дури и ако сме набљудувачи, а не директни жртви, треба да биде задолжително!
Мобилизирање на другите: не е битка за еден! Водете со пример и обидете се да ги привлечете другите и да ги убедите да се приклучат на вашата кауза. Сите за еден и еден за сите!
Дали се чини дека е премногу да се направи? Па, штом ќе се почне да се тркала топката, работите ќе си дојдат природно! Направете го тоа!