Младите луѓе се во центарот на вниманието на секоја позитивна промена која се случува во општеството. Вистина е дека секој проблем има решение, може да постои позитивен исход од секоја мрачна ситуација – се додека НЕКОЈ прави НЕШТО во врска со тоа!А кој би бил подобар за оваа улога од младите луѓе! Ти! Како? Епа… Со разгласување, водење со пример, покажувајќи го патот, зборувајќи за истото! И, особено, борбата против наративите со омраза и говорот на омраза – најзагрижувачкиот феномен во модерниот свет, не е исклучок од тој процес!
Ако сакаме да воспоставиме теоретска рамка…би го именувале овој процес „врсничка обука“. Тоа е процес на споделување на информации помеѓу членови на конкретна заедница или група млади луѓе за постигнување на позитивни исходи. Врсниците се важен извор на информации, повратни информации, и поддршка за поединци во нивниот процес на развивање. Врсниците помагаат во социјализирањето на поедниците преку зајакнување или казнено однесување или интерперсонални интеракции.
Во оваа прилика, младите луѓе изгледа играат клучна улога во феноменот на онлајн говор на омраза, бидејќи се наоѓаат во различни позиции: жртви, набљудувачи, и – за жал- злосторници. Затоа… Ајде да се бориме со овој проблем од внатре! Да ја употребиме моќта на младите луѓе за да ја смениме реалноста и да ја добиеме борбата против наративите на омраза! Придружете ни се во процесот на врсничко образование!
Овој Водич е создаден со цел да им помогне на младите луѓе како да станат клучни актери во борбата за спречување на онлајн говор на омраза, и да ја пренесат пораката на нивните врсници, да се обединат со нив и да направат неверојатни резултати со тоа што ќе го направат светот многу подобро место. Со други зборови… Време е младите луѓе да станат Спротивставувачи!
a. Вовед
Онлајн светот им обезбеди на луѓето неограничен свет на можности каде можат да се изразат на сите можни начини. Овој неограничен свет им даде шанса на луѓето понекогаш да го надминат она што се смета за „хуман третман“ еден кон друг.Говорот на омраза сега е распространет низ целиот интернет, што прави навистина тешко истиот да се следи и да се бориме против него. Да се спречи говорот на омраза не е лесна задача – а камоли да се спротивставиме штом ќе излезе и ќе стане див. На крајот на краиштата, кај второто штетата е веќе направена и сега треба да се справиме со последиците.
Беше потребно долго време да се даде дефиниција за говорот на омраза, но, по неколку обиди, се чини дека конечно имаме таква на која веројатно можеме да се потпреме. Говорот на омраза, како што е дефиниран од Комитетот на министри на Советот на Европа, ги опфаќа „сите форми на изразување кои шират, поттикнуваат, промовираат или оправдуваат расна омраза, ксенофобија, антисемитизам или други форми на омраза засновани на нетолеранција, вклучувајќи: нетолеранција изразена преку агресивен национализам и етноцентризам, дискриминација и непријателство кон малцинства, мигранти и луѓе со имигрантско потекло“.Сепак, ова не е сè: говорот на омраза вклучува и невербални изрази како што се оние содржани во слики, видеа или која било комуникативна форма на онлајн и офлајн активност, како што е вклучено во дефиницијата на Советот на Европа и е потврдено во пресудите на Европскиот суд за човекови права.
Огнот веќе ја изгоре околината и сега е време да се справиме со раните. Во овој поглед, имаше бројни иницијативи за спротивставување на онлајн говорот на омраза, меѓутоа, тоа е многу потешко отколку што изгледа – спротивставувањето на наратив бара… друг наратив, предизвикувачки наратив или контра-наратив и целосно нов наратив, нова рамка за толкување на реалноста. Дали ова изгледа премногу комплицирано? Па…веруваме дека овој Водич ќе ви помогне да ја исчистите сликата и да имате длабоко разбирање за процесот за спротивставување на онлајн говорот на омраза, како и да ви обезбеди конкретни примери и алатки кои ќе ги користите во вашата работа. Овој Водич ќе ви помогне да се запознаете со користењето факти за да создадете алтернативни наративи за оние кои промовираат говор на омраза, бидејќи се фокусира на идејата дека понекогаш не е доволно да се спротивставите, осудите и деконструирате насилен наратив, туку и да предложите, развивате и ширите не-ексклузивни човекови права засновани на алтернативни наративи. Водичот Counterizer се заснова на постоечките образовни пристапи развиени од страна на движењето „Без говор на омраза“, усвоени и оформени за вас. Ајде да започнеме!