Поглавје 3

A. Краток поглед кон критичко размислување

Се крева многу врева околу тоа, но дали сме навистина сигурни дека длабоко разбираме што навистина значи критичкото размислување? Всушност, користењето на нашиот мозок, нашите искуства, нашето знаење, нашите емоции, додека примаме некаква содржина (вклучувајќи коментари со омраза), особено кога оваа интеракција се случува на интернет со безброј информации со кои се среќаваме секојдневно, е клучниот елемент со кој можеме да се спротивставиме на говорот на омраза и да донесеме подобри одлуки и за себе и за другите. Со други зборови, критичкото размислување е почетна точка за препознавање на говорот на омраза и согледување на неговата големина кога истото навистина се случува. Треба да го знаеме нашиот непријател пред да возвратиме, така ли е?

Сепак, главното прашање останува отворено: кои се најважните елементи на критичкото размислување и што навистина значат тие? Дали се осмелувате да го прифатите предизвикот? Ајде да играме!

ОДГОВОРИ НА КРСТОЗБОРОТ:
1. Решавање на проблем 2. Јасност 3. Истражување 4. Аргументи 5. Грешка 6. Доказ 7. Емоција 8. Претпоставка 9. Рационално размислување 10. Евалуација 11. Перцепција 12. Објаснување 13. Логика

Па??? Како помина? Ако вашиот резултат не е…задоволувачки, не грижете се! Ќе го поминеме процесот чекор по чекор. За почеток, критичкото размислување како што е дефинирано во речник Оксфорд е „процес на анализа на информации со цел да се донесе логична одлука за степенот до кој верувате дека нешто е точно или неточно“, додека речникот Мериам-Вебстер го опишува како „менталниот процес на активно и вешто конципирање, примена, анализа, синтетизирање и евалуација на информациите со цел да се дојде до одговор или заклучок“, што би рекле дека изгледа поблиску до реалниот состав на критичкото размислување како процес кој бара комбинација од бројни елементи и е премногу сложен во својата едноставност! Следете ги ови 4 чекори на критичко размислување во процесот на донесување одлуки во вашиот секојдневен живот:

Идентификувајте го проблемот што е можно појасно

Генерирајте критериуми

Најдете решение и споредете го со можните алтернативи

Применете го избраното решение и проценете ја неговата ефикасност/ефективност

Совет:За да дознаете повеќе за Кругот на критичко размислување, посетете го нашиот Think!Не мрази! – Водич Preventizers!

И ова не се однесува само на начинот на кој можеме да го спречиме говорот на омраза, туку и да препознаеме, деконструираме и трансформираме наративи со омраза преку алтернативни и контра наративи. Ајде да видиме како се прави тоа!

37%