A. Препознавање и анализа на онлајн говор на омраза

Сигурно имало некоја точка во нашиот живот кога – или го сфаќаме тоа или не – сме учествувале или барем сме набљудувале некаков непријателски наратив против некоја личност или група луѓе што се случува на интернет или во реалниот свет. Ајде да одвоиме малку време и да размислиме за тоа…Како сме се чувствувале за нашата улога во инцидентот? Дали сме биле ранливи, моќни, ладни, малтретирани, исплашени или сме чувствувале дека нашите постапки се оправдани? Дали сме го прифатиле, сме се обиделе да го избегнеме, сме реагирале или сме го надминале? Дали сме направиле нешто во врска со тоа? Што беше тоа? Или зошто не? Ако ви е тешко да се сетите на некој инцидент, не одете предалеку… Однесувањето со омраза не мора да биде екстремно грубо, извонредно или премногу „гласно“. Истите лесно се кријат во случајни секојдневни моменти – од кои некои можеби изгледаат сосема невини и безопасни – иако тие всушност предизвикуваат многу болка, вознемиреност и негативни емоции кај своите жртви. Ајде да поминеме низ следното сценарио и да се обидеме да го анализираме и коментираме: