Бидејќи ништо не може да биде поефикасно и по-откровително од неколку вистински примери за “како тоа треба да се направи”, ние сме тука да ви презентираме со неколку примери за сесија кои ќе можете слободно да ги искористите во вашата работа како што се оригинални или ги прилагодите на потребите на својот стил на обука и стил на учење на вашата целна група! Дали се уште се прашувате како може да и покажете на вашата целна група начин да се тргне од “бегалците се причина за насилство“ и да се стигне до “насилството е поттикнато од страв и очај” … тогаш ова е вашето време да блеснете! Овие примери ќе ви го покажат начинот како да и ја презентирате важноста на борбата против говор на омраза, алатките и методите за развивање контра и алтернативни приказни на јавноста, и истите ќе станат топло добредојде на вашата целна група во процесот на борба против наративи со омраза преку процесот на критичко размислување.
A. СПРЕЧУВАЊЕ НА ГОВОР НА ОМРАЗА
Наслов
Спречување на говор на омраза
Одговорно лице
Треба да се дефинира
Датум и време
Треба да се дефинира
Барања за простор
Голема просторија со проектор, столици
Позадина/опис
Како резултат на Ковид 19, употребата на социјалните медиуми стана пошироко распространета, при што помладите генерации постојано се изложени на предрасуди и онлајн омраза. Затоа, таргетираме врсници на возраст од 14-18 години, со цел да ги научиме како да се спротивстават на говорот на омраза преку кампањи за промена на позитивното однесување и промоција на алтернативни наративи.
Цели на сесијата:
Да се прошири знаењето на учесниците за говорот на омраза. Зголемување на знаењето за кампањи за промена на однесување. Организирање на онлајн кампања за борба против говорот на омраза.
Методологија
Краток вовед за презентација на говор на омраза; Студии на случај (игра со барометар, споделување искуства, Kahoot квиз за борба против говорот на омраза); Дебрифинг; Бреинсторминг во групи за онлајн кампања;
Сесијата чекор по чекор (со тајминг)
Краток вовед – 10 минути Студии на случај – 40 минути Дебрифинг – 10 минути Бреинсторминг – 20 минути Дискусии и следни чекори – 10 минути
Потребни материјали
Power point, студии на случај , хартиена табла, маркери, вода
Печатени материјали и други материјали за обука
Агенда, листа на главни термини и дефиниции
Резултати од сесијата
Креирање кампањи за промена на однесувањето (мемиња, видеа, постери, уметнички дела итн.) со употреба на хумор и човекови права при креирање контра/алтернативни наративи
Евалуација
Формулар за евалуација на анкетата на Google
Следење
Секоја група има различна последователна активност врз основа на нивната кампања за промена на однесувањето: Гласање за најдобрите видеа Медиумска покриеност за плакатите Изложба на уметнички дела итн.