Поглавје 1

B. Статистика и примери на онлајн говор на омраза

Се чини дека на луѓето им е тешко да го разберат вистинското значење и чистата суштина на основните човекови права, борејќи се да ги следат границите меѓу концептите како што се „слобода на говор“, „слобода на мислата и изразување“, „еднаквост“, „не-дискриминација“, „почит“ итн. „Слободниот и отворен простор“ на онлајн светот им овозможи на речиси сите да ги изразат своите мислења, држејќи се до нивната лична дискреција, вредности и разбирање да постават граници на оваа слобода и да обезбедат почит еден кон друг. Како резултат на тоа, човештвото се соочи со тешки инциденти на говор на омраза што се случуваат на интернет – и за жал бројките се тука за да ја потврдат тежината на овој феномен. Одредени случаи на такви изрази на омраза се документирани и објавени од заедничката иницијатива на Советот на Европа и Европската унија за Западен Балкан, вклучувајќи и некои многу загрижувачки бројки:

Онлајн говор на омраза

Албанија

0 %
тврдат дека примале закани или биле малтретирани онлајн

Босна и Херцеговина

0 %
од децата не се чубствубаат безбедно на интернет

Косово

0 %
од малтретираните деца биле малтретирани на социјалните медиуми

Црна Гора

0 %
од децата пријавиле дека најголемото онлајн насилство се случува на социјалните мрежи

Северна Македонија

0 %
од децата не ги знаат механизмите кои можат да ги искористат во случај на онлајн насилство

Србија

0 %
од децата се почувствувале небезбедно онлајн пати

Приближно 21% од вестите, мислењата и анализите објавени во онлајн медиумите во периодот од ноември до декември 2016 година содржеле дискриминаторска содржина и говор на омраза, наод што беше откриен во пилот-проектот за следење на пријавувањето на такви случаи од страна на онлајн медиумите во Албанија. Важноста на истражувањето, кое беше прво и најсеопфатно досега, откри дека жените биле цел на дискриминација и говор на омраза во 73% од случаите.
Општата препорака за политика на Европската комисија против расизам и нетолеранција бр. 15 за борба против говорот на омраза (2015) за првпат ги вклучува основите на полот и род во дефиницијата за говор на омраза. Сепак, родот бил главната причина или мотивација за дискриминација и/или говор на омраза во 41% од случаите, проследено со теми врз основа на етничка припадност и/или раса во 22%, политички убедувања во 17%, и сексуална ориентација или родов идентитет во 11 % од набљудуваните ставки.
Во продолжение, најновиот извештај на Институтот за социјални истражувања (ИСФ) во Албанија покажа дека двојно повеќе ЛГБТИ лица биле цел на дискриминација и исклучување во споредба со остатокот од населението. Според извештајот, повеќето од оние кои биле цел на говор на омраза биле таргетирани онлајн, како на пример во делот за коментари на Фејсбук и/или Инстаграм.
Да продолжиме, во 2019 година во Црна Гора се поднесени над 100 пријави за дискриминација, онлајн говор на омраза и вербална злоупотреба, по следењето на коментарите на социјалните мрежи, што е редовен дел од работата на ЛГБТ Форум Прогрес.
И само во случај овие бројки да ви изгледаат претерани или не многу реални, по краткото пребарување во кој било интернет пребарувач сигурно ќе ви падне вилицата, бидејќи овие однесувања со омраза не се појавуваат само во навиките на поединците, туку се чини дека е сосема нормално за официјалните медиуми, политичарите или авторитативните поединци кои влијаат на голема публика.За да се поштедите од маката, еве неколку индикативни примери:

vs

Оваа изјава на господинот Александар Раковиќ е преведена како „Црногорците се грешки, ајде да го освоиме Никшиќ, па да ги поправиме“, а е кажана во утринската ТВ емисија „Битка за Никшиќ“ на српскиот ТВ канал „Хепи ТВ“. Бидејќи е очигледно, тој јасно изразува националистички наративи со омраза против Црногорците, разгорувајќи го пламенот на анти-црногорските чувства на српското население.  Важно е да се спомене дека г. Раковиќ е добро образован српски историчар, кој студирал на Филозофскиот факултет на Универзитетот во Белград.

vs

Имаше Фејсбук група именувана „Смрт за шиптарите“, каде што можеше да се најдат слики само со карактер на омраза и потсмев за Албанците. Во оваа група имаше бројни коментари со омраза како „САМО МРТОВ ШИПТАР Е ДОБАР ШИПТАР!!!“. Терминот „Шиптар“ се поврзува со преводот на „Албанец“, но во оваа прилика се користи негативно, обидувајќи се да навреди и да шири омраза кон Албанците, за она за што е создадена целата група. Важно е да се спомене дека по голем број на пријави, Фејсбук ја забрани оваа група, сметајќи го самото нејзино постоење како чисто кршење на основните човекови права и почитување.

vs

Превод: „Криминална Србија донира вакцини- 19.02.2021 – Клан Косова“

Ова е насловот на вестите на официјалниот косовски ТВ канал „Клан Косова“. Написот ја означува Србија како „Криминална Србија“ и ја коментира намерата на Србија да донира вакцини за Ковид19 на Косово, која на крајот одби. Преку видеото можеме да видиме неколку политички фигури на Косово или изјави од нивна страна кои ја нарекуваат Србија „криминална држава“ или дека ова е само „лажен обид да се изгледа добро во очите на меѓународните“.

vs

Превод
Наслов
: „Скопјаните (термин што ги опишува сите поединци од Северна Македонија, користен од оние кои не ја признаваат С. Македонија) создадоа мапа што ги сведува нивните граници до Лариса. (грчки град во Централна Грција)“
Коментар:„Нашата 117-та артилериска ескадрила во Поликастро ќе ги избрише од картата за 15 минути. Животот е едноставен.”

Оваа страница на Фејсбук под името „Грција – страница за сите Грци ширум светот“ собира вести од цела Грција (лажни или вистински – тешко може да се каже), од кои некои поттикнуваат омраза против Северна Македонија поврзани со чувствителниот географски и историски спор меѓу двете земји. Моментално има 436.000 лајкови и ваквите објави привлекуваат бројни следбеници кои споделуваат коментари со омраза кои проектираат насилство и бруталност.

Дали сето ова ви даде соодветна доза од омразата? Ако не, слободно истражете го интернетот за повеќе…непријатни изненадувања од онлајн говорот на омраза и – зошто да не? – проверете го пејзажот во вашите сопствени земји!

7%