Поглавје 2

E. Бескрајна…пропаганда!

Пропагандата, заедно со лажните вести, може да се сметаат за материјали кои го разгоруваат огнот на говорот на омраза офлајн и онлајн. Колку сме способни да ги препознаеме различните видови пропаганда?

Овој Водич не се обидува да ве обземе со строги дефиниции и здодевна терминологија! Ако сакате да ги разберете различните форми на пропаганда заедно со примери од секојдневниот живот, погледнете ја следната табела и слободно користете ја како личен водич:

Бр.

ПРИМЕР

СКРИЕНА ПОРАКА

ФОРМА НА ПРОПАГАНДА

1

Политичар опишува каква би била земјата со криминал во рок од 2 години.

Луѓето мислат на таа слика и веруваат дека гласањето за него ќе ја намали таа закана.

Градење ментална слика

2

„Сите други го прават тоа, а истото треба и вие!

Заедничките работи (религија, раса, струка) привлекуваат многу луѓе.

Преголемо нагласување на учество

3

Бил Клинтон јаде во Мекдоналдс.

Обидувајќи се да изгледате како „обични луѓе“ кога навистина не сте.

Градење лажен имиџ/ лажна слика.

4

Реклама кој прикажува крвава несреќа 

Луѓето се потсетени да се врзат со колан во кола

Генерирање на страв

5

Насмеан актер објаснува како некој прозивод му помогнал да го реши проблемот

Продажба на олеснување и безгрижност

Ветување радост

6

Некој претседател вели дека за да го намалиме дефицитот, мораме или повеќе да ги оданочуваме богатите или да бараме од постарите да плаќаат повеќе за медицинска грижа

Се нудат два избора, како да се само тие два

Се формира лажна дилема

7

„Нивната прва инјекција беше вакцинација“ – мотото на кампањата на движењето против вакцините

Се всадува идеја со повторување на мотото

Употреба на слогани

8

“Бејсбол, пита од јаболка и Шевролет.”

Создавање добри чувства со мислите на одредени добра и постапки

Апелирајќи на традицијата

9

За филмот Live Free or Die Hard, Џек Метјус беше цитиран како рекол: „Хистерично…забавно“.

Вистински цитат: „Дејството во ова брзо, хистерично препродуцирано и изненадувачки забавно дело е реалистично колку и цртаниот филм Road Runner“

контекст и давање лажен впечаток на читателот или слушателот

цитирање

10

“Мојот противник е алкохоличар.”

Окарактеризирување со погрешни карактеристики

Прекарување/ вербални навреди

11

“Ова е најдобрата паста за заби што се бори против кариесот.”

Прикачувајќи некој факт без доказ

Тврдење

40%