Поглавје 4

I. Кругот на критичко размислување

Секојдневно сме должни да донесуваме одлуки од моментот кога ќе ги отвориме очите секое утро (што да јадам за појадок? што да облечам денес? Дали да одам со автобус или кола?) до моментот кога ќе се вратиме на спиење (Дали да ги мијам забите? Дали треба да ја оставам светилката? Да вклучам греење?). Факт е дека повеќето од нив се лесни одлуки со лесни решенија, иако процесот што го следиме за да ги донесеме овие одлуки е потполно ист како оној што се следи за сериозни работи. Ајде да го видиме преку пример:

„Што да облечам денес?

Идентификувајте го проблемот што е можно појасно

Направи критериуми

Најдете решение и споредете го со можните алтернативи

Применете го избраното решение и проценете ја неговата ефикасност/ефективност

Чекор 1: Идентификувајте го проблемот што е можно појасно

Ова вклучува разбирање на јазикот и концептите вклучени во проблемот, како и причините што ги создале.

Проблем: избирање соодветна облека за тој ден

Концпети: одење на работа, одење до супермаркет, облека = дотерување

Причина: работен ден е и треба да го следам дневниот распоред

Чекор 2: Направи критериуми

Ова вклучува наведување на сите фактори кои можат да влијаат на мојата одлука.

Критериум 1 – зима е и затоа ми треба топла облека

Критериум 2 – Ќе бидам надвор цел ден, па ми треба удобна облека што одговара на сите мои потреби (многу часови/работа/супермаркет)

Критериум 3 – Сакам да бидам модерен, па ми треба убава и стилска облека

Чекор 3: Најдете решение и споредете го со можните алтернативи

Ова вклучува наведување на сите можни решенија за проблемот, споредете ги и изберете најакенватно/соодветно.

Решение  1 – фустан или пантолони => Веројатно ќе му студи во фустан, затоа ќе облечам панталони

Решение  2 – рамни чевли или со високи потпетици => рамните чевли се подобри за цел ден и за во супермаркет, бидејќи чевлите си високи потпетици ќе ме заморат

Решение  3 – соодветен ранец или неутрална професионална торба  => ранецот е модерен, лесен за носење и може да собере и некои работи од супермаркет

Чекор 4: Применете го избраното решение и проценете ја неговата ефикасност/ефективност

Ова се однесува на последователниот процес, каде што треба да се оцени одлуката што ја донеле: ако се докаже дека е ефективна, тогаш е во ред да се повтори. Ако не, тогаш таа треба да се избегнува во иднина

Евалуација: комбинацијата од панталони и рамни чевли ме правеа да изгледам ниска и ме исполнуваше со несигурност и ниска самодоверба во текот на целиот ден, додека ранецот повеќе ме правеше да изгледам како ученичка отколку како адвокатка. Следниот пат треба да изберам подобра комбинација на облека и да си ги сменам критериумите.

Звучи како игра, но овие едноставни четири чекори го комплетираат кругот на критичко размислување во процесот на донесување одлуки, што исто така важи и кога се справуваме со непријатни ситуации кои не принудуваат да дејствуваме, реагираме или да избираме страни – како на пример кога се справуваме со инциденти на говор на омраза!

68%